Мени

Се дезинфицираат возовите во кои се возат мигранти

23.06.2015 14:51 | KumanovoNews

Секојдневно се дезинфицираат возовите во кои се превезуваат мигранти, информираат од Центарот за јавно здравје Куманово.

Се дезинфицираат возовите во кои се возат мигранти

Оваа мерка се прави за да се спречи ширење на заразни болести, поради големата фреквенција на мигранти кои минуваат низ Македонија на патот кон Европа.

Секоја вечер се прави дезинфекција, затоа што ако се превезуваат во редовни линии има и други патници. Ризик постои и можат да пренесат многу болести како колера, маларија, дијареа - велат од Центарот за јавно здравје.

Од оваа установа велат дека се додека трае транспортот на мигранти во возовите, ќе се спроведува дезинфекција. Повеќето мигранти кои престојуваа во Градската џамија веќе се заминати, а останати се уште неколку семејства. Бројот на мигранти е намален бидејќи им е дозволено да го користат јавниот транспорт и полесно да ја напуштат земјата.