Мени

Се дочистува депонијата во „Перо Чичо“

01.04.2010 13:38 | KumanovoNews

Проектот на локалната самоупртава за расчистување на дивите депонии на периферијата на градот започна со отстранување на купиштата смет околу железничката пруга во населбата „Перо Чичо“.

Се дочистува депонијата во „Перо Чичо“

Екипите на фирмата „Ефто-експорт“ денеска беа на терен и ја изнесуваа простанатата земја и шут што останал од предеходното чистење. Од Локалната самоуправа апелираат до граѓаните да имаат поголема свест во зачувување на животната средина.

Ова е грда слика за Куманово и затоа проектот го започнавме токму од оваа депонија, која конечно треба да се отстрани. Меѓутоа нашата работа е залудна ако граѓаните повторно го натрупаат ѓубрето. Затоа апелираме  до жителите од населбата да бидат совесни и да не дозволат во нивната непосредна околина повторно да никне депонијата - вели Оливер Спасовеки, секретар во општината Куманово.

Тој додава дека наскоро Општината предвидува да го урне диво изградениот објекти на ова место и да го пробие патот кон наслебата Бавчи со што ќе се овозможи непречена комуникација на граѓаните.