Мени

Се довршува патот Старо Нагоричане - Никуљане

28.06.2012 13:06 | KumanovoNews

Од вчера започна втората фаза на изградба на локалниот пат што ги поврзува селата Старо Нагоричане- Никуљане. Патот ќе се асфалтира во должина од 1800 метри.

Се довршува патот Старо Нагоричане - Никуљане

 Патот ќе биде готов за 30 дена. Тој е од исклучителенo значење за локалното население, бидејќи ќе се поврзат двете соседни села, а истовремено и двете општини Куманово и Старо Нагоричане. Патот се гради со исклучителен квалитет - рече Миодраг Јовановиќ, градоначалник на Општина Старо Нагоричане.

 Тој објаснува дека со изградба на овој пат ќе се избегне заобиколување по магистралниот пат кон Крива Паланка. Патниот правец  ќе го користи месното население кое вообичаено употребува земјоделска механизација.

Првата половина од патот во должина од 1800 метри е направен во 2010 година.

Проектот се реализира преку Агенција за патишта, оддел за реконструкција на локалните патишта. Работите ги изведува градежното претпријатие "Гранит" од Скопје.