Мени

Се формира Локален младински совет

23.08.2012 06:45 | KumanovoNews

 Во просториите на месна заедница „Тоде Мендол„ каде се наоѓа Младинскиот центар “Мулти Култи“ денеска попладне ќе биде потпишан договор за основање на Локален младински совет во Куманово.

Се формира Локален младински совет

Ова тело ќе ги застапува интересите на младите и ќе креира младински политики. Во состав на советот ќе има претставници од училишни заедници, политички партии и граѓански организации. Иницијатор за формирање на советот е невладината Центар за меѓукултурен дијалог.