Се крпи дупката кај Рим-Париз
Општината започна да ги крпи дупките по улиците во централното градско подрачје.
Прво се фатија за големата дупка на булеварот „Трета МУБ„, пред семафорот. Како што ни кажаа работниците, поради големите оштетувања мораат да го извадат асфалтот и од другата коловозна лента, по што ќе се асфалтираат двете. Тие предвидуваат дека целата работа ќе се заврши во текот на денот, бидејќи не е голем просторот.
Работниците беа на терен околу 15 часот, па се создаде голема колона од автомобили.
Оштетувањето на асфалтот на „Трета МУБ„ беше направено во декември мината година, по голем дефект на водоводната мрежа. Надлежните тврдат дека останала неасфалтирана толку долго затоа што не работеле асфалтните бази. Граѓаните се жалат дека ги испокршија колите на ова фреквентно место.