Мени

Се мери бучавата на крстосниците во Куманово

20.10.2014 10:28 | KumanovoNews

Екипи од Центарот за јавно здравје ја мерат бучавата на десет крстосници во Куманово.

Се мери бучавата на крстосниците во Куманово

Бучавата се мери четири пати во текот на денот и тоа во 10, 13, по 19 часот и ноќна бучава по 23 часот. Откако софтверски ќе се обработат податоците за бучавата, тие ќе бидат проследени до Министерство за животна средина, Министерство за здравство, до општината и Совет на општина Куманово, како годишна информација со предлог мерки.

“Ова што ние го мериме е бучава во надворешна средина, а колку таа бучава стигнува внатре во становите, колку населението е изложено, таа бучава се проценува преку анкетни прашалници кои дополнително се прават. Имаме направено околу 150 анкети до сега и според обработката на податоци се гледа дека постои некој степен на вознемиреност кај граѓаните од дневната и од ноќна бучава “ - објаснува Мимоза Величковски од Центар за јавно здравје Куманово.

Бучавата се мери два пати годишно, еднаш во пролет и еднаш на есен.