Се обележуваат пешачките премини
Во наредниот месец ипол треба да се обнови хоризонталната и вертикалната сообраќајна сигнализација во градот. Оваа недела се работи на обележување на пешачките премини.
Секоја година се прави истото, бидејќи се бришат пешачките премини и мора да ги обележуваме одново. На “3МУБ“ завршивме, а сега се работи на улиците “11 Октомври“ и “ Октомвриска револуција“. Потоа ќе почнеме и со вертикалната сигнализација, односно да ги заменуваме бетонските столбчиња и знаците кои се оштетени или се украдени. Има доста сообраќајни знаци кои се украдени. Можеби ќе побараме помош и од полиција за акцијата - вели Славчо Јакимовски, референт за сообраќај во општина Куманово.
Осовинските линии и пешачките премини кои се обновуваат зафаќаат површина од 12.000 метри квадратни.