Мени

Се одбележува Недела на солидарност

03.06.2010 13:36 | KumanovoNews

  Црвениот крст од Куманово по повод Неделата на солидарноста од 1 до 7 јуни ќе преземе повеќе акции за собирање на хуманитарна помош. За таа цел веќе е изговен спот кој се емитува на локалната телевизија со телефонски броеви и сметки каде можат да се донира помош за социјално загрозените граѓани.

Се одбележува Недела на солидарност

 Широка е акцијата за собирање на облека, чевли, прехрамбени и хигиенски производи. Годинава прв пат имаме формирано 8 екипи по двајца членови, кои одат од куќа на куќа и со себе носат одредени чекови на кои граѓаните можат да донираат одредена парична помош. Притоа го запишуваат името на донаторот, а  средствата во плико ги враќаат во Црвениот крст. Сите донирани средства ќе се искористат за купување на пакети со храна и хигиенски материјали наменети за  старите лица и лицата со посебни потреби поготово во руралните краишта, бидејќи до нив најтешко стигнува помошта - вели Иле Митковски, секретар на Црвениот Крст Куманово.

Собраните сретства и производи ќе бидат  поделени на најмалку 1000 семејства.Акцијата се спроведува транспарентно за да имаат увид граѓаните каде се ќе се распредели пристигната помош.