Се одржа Олимпијада за миниматуранти
Во Спортската сала синоќа се одржа Олимпијада за миниматурантите од градинките во Куманово.
На олимпијатада учествуваа 350 дечиња од шест градинки, кои се натпреваруваа во повеќе спортски дисциплини.
Забавата ја отвори директорката Марина Алексовска која им посака успех на миниматурантите за понатамошно образование.
Им благодариме на сите посетители, а посебно на родителите кои не посетија во голем број. Олимпијадата за најмалите ќе стане традиција и секоја година со нови игри, песна и другарување ќе ве изненадуваат вашите мали спортисти- изјави директорката Марина Алексовска.
Олимпијадата се огранизира со цел децата да покажат што научиле во текот на годината со помош на професорот од Факултет за физичка култура д-р Горан Никовски и професорите од Здружението "Штурчиња" Скопје, Дарко Ангеловски и Марјан Нојковски.