Мени

Се отвора ликовна колонија “Карпино“

07.08.2012 07:14 | KumanovoNews

 Јубилејната десетта по ред ликовна колонија “Карпино“ се отвара денеска и ќе трае до 14 август.

Се отвора ликовна колонија “Карпино“

На оваа ликовна колонија ќе учествуваат уметници од Куманово, Скопје, Прилеп, од соседна Србија и Бугарија. Учесниците ќе ги прими градоначалникот Зоран Дамјановски. Планирано е да ја посетат црквата “Свети Никола“ да ја видат галеријата на икони.

На 11 август тие ќе го посетат манстирот “Карпино“ и во манастирскиот комплекс ќе има заеднички ручек. На 14 август ликовните уметници ќе бидат во Меморијалниот центар Пелинце каде ќе се дружат со уметници од колонијата “Куманово 2012“.