Мени

Се подготвува Еко-интеркултурен отворен ден во 11 Октомври

31.05.2012 08:06 | KumanovoNews

 Основното училиште “11 Октомври“ со богата програма ќе ги промовира различностите меѓу народите. Акцентот ќе биде ставен на македонската, ромската и српската националност.

Се подготвува Еко-интеркултурен отворен ден во 11 Октомври

Се подготвува куќичка со три соби која ќе биде симбол на еднаквост и ќе биде поставена во просториите на училиштето.

Ќе има штандови на кои ќе се претстави еко храна. Ќе се обрне внимание на  брусницата како здрав продукт и ќе се зборува како да се прослави роденден со здрава храна. Поентата е да се научат децата на здрави животни навики. На три јазика ќе биде испеана еко химна, но ќе има и тројазична еко драма. Во програмата е вметната и модна ревија. Во дворот децата ќе изведуваат игри од минатото. Ќе има примери како фолклорни елементи можат да се вметнат  во модерниот начин на облекување.

За сите граѓани и родители, училиштето на шести јуни ќе биде отворено од 11 часот. Ќе има богата културно-забавна програма. Децата забрзано се подготвуваат. Ќе има штанд со грицки, штанд “Црно и бело“ кој ќе ги прикаже различностите и еднаквоста на националностите. Ќе има мини готвачи со мото “Да зготвиме пријателство“ - изјави Мерилин Стојчевска, директор на ОУ“11 Октомври“.

Интеркултурниот ден е поддржан од УСАИД, Фондација отворено општество и детската фондација “Песталоци“.