Се појави свлечиште во село Скачковце
21.03.2015 12:41
| KumanovoNews
Свлечиште од макадамски пат вчера се појавило во кумановското село Скачковце, поради што жителите се плашат дека ќе биде зафатена една плевна и куќа.
Од месната заедница проблемот го пријавиле во Регионалниот центар за управување со кризи, од каде им ветиле дека во понеделник надлежните ќе излезат на терен, да ја увидат фактичката состојба и ќе преземат соодветни мерки. Во меѓувреме и покрај свлечиштето сообраќајот во селото се одвива нормално.