Се празни ли солидарниот фонд?
Годинава кај пензионерите смртноста е зголемена, а од пензионерските здруженија објаснуваат дека парите за погребнина доцнат месец дена. Во градот месечно во просек умираат по 70 пензионери.
Точно е дека има многу смртни случаи и парите од солидарниот фонд не се доволни. Се размислува на ново на сојузот или да се намали сумата за погребнина која е 30.000 денари или да се зголеми уплатата. Досега уплаќавме по 1960 денари годишно на две рати во солидарниот фонд - вели Спирко Николовски, претседател на Здружение на пензионери Куманово.
Порано самите здруженија управувале со солидарниот фонд, кој потоа заради поголема регуларност е доделен на ПИОМ. Од надлежните институции велат дека парите од солидарниот фонд се исплаќаат навреме и дека состојбата не е алармантна.
Просечниот век за мажите во Македонија е 69, 6 години, а за жените 73,9 години. Поголема смртност е регистрирана во градските средини, за разлика од руралните подрачја каде смртноста е помала. Кардиоваскуларните заболувања се фактор број еден кој доведува до смрт.