Се прекинува наставата во Куманово
Локалната самоуправа одлучи од утре да се прекине наставата во сите основни и средни училишта во градот.
Одлуката е донесена на барање на повеќе директори на училиштата, а поради лошите временски услови во кои се наоѓа општината.
Настава нема да има на 8, 9 и 10, односно наредните три дена. Со оглед на тоа што синоптичарите најавуваат дека наредните денови ќе има многу ниски температури и влошување на временските прилики се одлучивме за ваков чекор. Во четврток на седница на Совет ќе биде верификувана одлуката- изјави Валентина Алексовска, секретар на Општината.
Денеска поради непристапните патиште не работеле подрачните училишта во селата Табановце, Четирце, Сопот, Габреш, Градиште и Колитско.
Наставата во училиштата ќе продолжи во понеделник.