Мени

Се проверуваат авто-отпади одземени возила и високи казни

24.03.2015 11:56 | KumanovoNews

По извршени контроли во авто отпади во Куманово, изречени се казни од 12.000 евра, одземени се 82 возила и 52 регистарски таблички.

Се проверуваат авто-отпади одземени возила и високи казни

Полицијата, Државниот пазарен инспекторат и мобилната царинска единица за шест авто-отпади, констатирале дека не поседуваат документација за возилата и го прекршиле Законот за трговија. Во два случаи авто-отпади не поседувале документација за вршење на дејност и не биле регистрирани во Централен регистар.

Контролирани се вкупно девет авто-отпади на подрачје на Куманово. За сопствениците ќе следуваат соодветни поднесоци.