Мени

Се расчистуваат од снег локалните кумановски патишта

28.12.2014 17:51 | KumanovoNews

Од Регионалниот центар за управување со кризи велат дека на патиштата во кумановско има навеано 5 цм снег и отсечени села засега нема.

Се расчистуваат од снег локалните кумановски патишта

Екипа од Македонија пат на критичните места во Липково го расчистувала патот од снег, а вечерва расчистен ќе биде и патот кон село Пелинце.

Од Управата за хидрометеоролошки работи велат дека врнежите од снег ќе продолжат во текот на ноќта и утре.

Во северните и западните делови на земјата имаше пообилни врнежи од снег. Утре претпладне не очекува променливо облачно време со локални врнежи од снег и пониски температури. Утре наутро ќе имаме податоци за дебелината на снежната обвивка - вели Лена Јовановска, дежурен синоптичар во УХМР.

Јовановска додава дека во наредните денови не очекуваат многу пониски температури.