Се реконструира улицата “Бранко Богдански – Гуцман“
16.08.2012 12:53
| KumanovoNews
Деновиве се реконструира коловозот и тротоарот на улицата „Бранко Богдански - Гуцман“.
Интензивно се работи од булеварот “Трета Македонска Ударна Бригада“ до булеварот “Октомвриска револуција“, во должина од 925 метри. Општина Куманово планира поставување на гасификација под тротоарот на десната страна. Се работи за делот од центарот кон периферијата. На оваа гасификациона мрежа ќе се приклучат образовните институции од овој дел на градот.