Се реконструираат повеќе улици во градот
03.08.2012 09:46
| KumanovoNews
Во Општина Куманово се работи на поправка на неколку улици.
Се реконструира улицата “Љубица Мијалковиќ“ на која се гради атмосферска канализација, се работи на улица “Перо Илиевски“, се обновува улицата “Професор Мијалковиќ“.
Исто така се обновуваат делови од улиците “Перо Шварц“, “Перо Тошев“, “Србо Томовиќ“, “29 Номеври“ и “Иван Горан Ковачиќ“. Се реконструираат делови од улиците “АВНОЈ“ и “Чупино Брдо“. Во Гладно поле се работи на улица “Ѓорче Петров“, а се расчистуваат и дивите депонии на територија на Општината.