Мени

Се реконстурираат неколку улици во градот

21.09.2012 08:58 | KumanovoNews

 Во централното градско подрачје се асфалтираат неколку улици, кои до наредниот месец треба да бидат готови.

Се реконстурираат неколку улици во градот

Се работи за обновување на сообраќајница на два крака на дел од улицата „Денко Драганов„. Тоа е на потегот од улица „Браќа Рибар„ до улицата „Егејска Македонија„. Собраќајницата се реконструира во должина од 335 метри. Постоечката калдрма се заменува со бекатон плочки. На оваа локација се работи две недели и најдоцна за месец дена работите ќе бидат завршени- соопштуваат од Општината.

Се обновува и улицата „Перо Тошев„ во делот од улица „Димитар Влахов„ до улицата „Питу Гули„. Овој дел во должина од 128 метри треба да се асфалтира и да се постават бетонски рабници. Активностите ќе завршат за десетина дена.

 Ќе се тампонира улицата „29 Ноември„, каде ќе се постави коловоз со површина од 900 квадрати, тротоар од 150 квадрати и нови бетонски рабници. До крајот на месецов и оваа улица ќе биде асвалтирана. За оваа цел ќе се потрошат 1.600.000 денари.

Се реконструра дел од улицата „Питу Гули„ каде е направена нова фекална канализација и нова водоводна мрежа. Поставени се нови бетонски рабници, а должина на улицата е 240 метри. За оваа намена се потрошени 3. 300 .000 денари. До почеток на октомври улицата треба да биде завршена.