Мени

Се реновираат санитарни јазли во „Христијан Карпош“

30.08.2014 09:19 | KumanovoNews

Се реновираат санитарните јазли во основно училиште “Христијан Карпош“ со пари од Македонскиот центар за меѓународна соработка и општина Куманово во рамки на проектот “Општините во акција за Ромите“.

Се реновираат санитарни јазли во „Христијан Карпош“

МЦМС ќе учествува во проектот со 1.537.000 денари, а  општината ќе покрие 712.000 денари.

Одлуката е донесена на Советот на општината. Средствата што ги одвојува општината ќе се наменат за намирување на трошоците по основ на изработка на проектот, надзор при реализација, а најголем дел се однесуваат директно за реновирање на санитарните јазли -  изјави Валентина Алексовска, секретар на општина Куманово.

Покрај МЦМС од Скопје, во овој проект ќе се вклучи и невладината ДРОМ од Куманово.

Ваквите проекти во кои има соработка помеѓу општините и граѓанските организации се исклучително значајни, бидејќи бенефит имаат токму граѓаните, конкретно со овој проект учениците -  вели Ашмет Јашаровски од ДРОМ.

Во "Христијан Карпош" се школуваат 1.249 ученици од кои 126 ученици се од ромската етничка заедница. Санитарните јазли не се реновирани цели 38 години.