Се слави Рамазан - Бајрам
Муслиманите во Република Мекедонија, како и верниците од целиот исламски свет го слават празникот Рамазан Бајрам. Денеска завршува светиот месец Рамазан и се означува крај на едномесечниот пост.
Рамазанските пости претставуваат една од основните обврски на муслиманските верници. Прославата за рамазанскиот - Бајрам трае три дена. На првиот ден се извршува утринска молитва - Бајрам Намаз, а во состав на прославата се разменуваат подароци и се посетуваат роднините и пријателите.
Исламското учење вели дека во тој месец е објавена светата книга Куран. По повод големиот исламски празник честитка до верниците упати реис-ул-улема Хаџи Сулејман Ефенди Реџепи. Оваа година се навршуваат 1400 години од објавата на Куранот.
По повод големиот празник градоначалникот Зоран Дамјановски ќе ја посети Исламската верска заедница во градот да го честита Рамазан Бајрам.