Се спукале соседи во Слупчане
11.01.2012 12:59
| KumanovoNews
З.К. (53) и неговиот сосед и роднина М.К.(37) од селото Слупчане синоќа пред полноќ започнале расправија, а потоа и се степале поради нерасчистени односи.
Откако соседите ги разделиле во пресметката М.K. заминал дома, а кратко потоа некој пукал во неговата куќа. Два истрели од огнено оружје ја оштетиле ролетната и го скршиле прозорот, по што завршиле во дневната соба од куќата. Извршен е увид на местото на настанот, подигнати се две чаури и еден фрагмент од проектил за вештачење.
З.К. е приведен во СВР Куманово и во тек се мерки за расчистување на случајот.