Мени

Се спукале за паркот во „Киро Фетак„

24.02.2012 16:30 | KumanovoNews

 Пресметката на двете вооружени групи што вчера се случи на паркингот пред поранешен „Киро Фетак„,била поради земјиште во кругот на некогашната фабрика.

Се спукале за паркот во „Киро Фетак„

Соседите кажуваат дека сопственикот на ресторанот „Дрими„ и браќата Шурланци имаат деловни објекти во кругот на некогашната фабрика „Киро Фетак„. Тие се скарале околу земјиштето што се наоѓало помеѓу нивните згради, бидејќи едниот го добил под концесија, а другиот почнал нелегално да гради на него.

Луѓе кои работат во околните фабрики велат дека голема среќа е што нема жртви во пресметката, бидејќи се случила во време кога на тоа место врие од луѓе. Тука се наоѓаат повеќето чевларски погони, градинка, центар за децата со посебни потреби, дисперзираните студии на Тетовскиот универзитет, ресторани, кафиќи и приватни фирми.

Престрелката се случила вчера во 16 часот пред кафе-бар „Биг Бен“, откако предходно се скарале Н.О.(47) од с.Слупчане, сопственик на ресторанот „Дрими„ и неколку непознати лица од една страна и браќата А. А.(21) и Е. А.(31), познати под прекарот Шурланци од Куманово од друга страна. Расправијата прераснала во пресметка при што едните извадиле пиштоли, а другите ловечка пушка и се спукале со повеќе куршуми, по што побегнеле. Никој не е поврден. Оштетени се пет патнички возила паркирани пред кафе-барот, додека пред објектот подигнати се седум чаури и еден патрон од ловечка пушка за вештачење.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителите.