Мени

Сеќавање на српските пилоти

06.04.2012 14:31 | KumanovoNews

Претставници на српската заедница во Македонија, денеска, положија цвеќе на споменикот на загинатите српски пилоти на аеродромот Аџитепе.

Сеќавање на српските пилоти

 На одбележувањето на 71-годишнината, присуствуваше амбасадорот на Република Србија во Македонија, Томислав Ѓурин, претставници на невладини организации, политички партии и граѓани.

Тоа што го поврзува Куманово и Белград, тоа е 6 април 1941, кога и двата града беа засипани со бомби, и тоа Куманово неколку часови порано на блискиот аеродром. Денеска во Белград се одбележува тој тажен настан, на ист начин како и овде. Поводот на нашето собирање е потсетување на погинувањето на пилотите, припадници на Петиот ловечки полк на војската на Кралството Југославија, кој на 6 април 1941 година, на денот кога почна најкрвавата војна во историјата на човештвото, храбро се бореа против фашистичка Германија- рече Ѓурин.

За големата битка пред седумдесет и една години, во која осум пилоти ги положија нивните млади животи, зборуваа Часлав Јовановиќ, претседателот на Обединетата српска зедница во Куманово и Гордана Стојковска, претседателка на Српската заедница во Македонија.

Осумте пилоти од Петиот ловечки полк на војската на Кралството Југославија, загинале на 6 април 1941 година во 4.30 часот на воениот аеродром Аџитепе, кога биле нападнати од германската авијација, два часа пред бомбардирањето на Белград и почетокот на Втората светска војна на балканските простори.