Мени

Седум млади земјоделци ќе добијат државна помош

26.06.2015 10:07 | KumanovoNews

Седум млади земјоделци од кумановско ќе добијат парична помош од државата,  за обавување на земјоделска дејност.

Седум млади земјоделци ќе добијат државна помош

Оваа мерка е за млади земјоделци до 40 години, кои се стимулираат да се занимаваат со земјоделство. Со парите можат да купат опрема, механизација, садници и друго.

Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2015 година за мерката 112, Помош на млади земјоделци за започнување со земјоделска дејност , има 7 финансирани барања во вкупна вредност на финансиска поддршка од 3.624.000 денари - велат од Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Од Агенцијата велат дека интересот во Куманово е солиден, но секогаш може да биде и подобро. На ниво на држава, парична помош годинава ќе добијат 134 млади земјоделци што претставува зголемување во однос на лани.