Седум пожари последнава седмица
26.06.2012 07:43
| KumanovoNews
Две интервенции и седум пожари имало во последниве седум дена, велат од противпожарната единица во Куманово. Дел од пожарите се појавиле во урбана, а дел во рурална средина.
Повеќето пожари ги предизвикал човекот. Регистриран е пожар каде се запалила трева, а имало и случај каде пожар избувнал во стан. Со оглед на високите температури деновиве од противпожарната единица не можат да предвидат какво ќе биде темпото на работа.