Мени

Селските речни канали се запустени

04.06.2012 12:12 | KumanovoNews

 Во околината на Куманово неколку села полињата ги наводнуваат од речните канали. Од село Довезенце до Клечовце и од Коинце до Драгоманце има речни канали кои ги оддржува Водостопанство.

Селските речни канали се запустени

Каналите се стари и постојат уште од времето на поранешна Југославија. Тие овозможуваат наводнување на нивите со вода од реките. За ваквото наводнување да трае цело лето потребно е реките да имаат добар водостој. Земјоделците обично со вода од канали ги наводнуваат бавчите и пченката.

Раноградинарите во последно време се одлучуваат за наводнување со мотори. Порано во селата немало миграција, селаните биле сложни, ги чистеле каналите и со нив можело големи површини без проблем да се наводнуваат. Овој начин на наводнување е економичен. Во многу села во тоа време имаше и воденици, познати како вади народски кажано. Сега во ридските села канали дури и ако имало се запуштени - велат земјоделците.

Оние земјоделци кои сеуште практикуваат наводнување од речните канали имаат обврска да плаќаат некои минимални сметки за потрошена вода.