Мени

Семафори ќе светнат на две крстосници на „Октомвриска„

16.10.2014 13:00 | KumanovoNews

Започна реализацијата на проектот за поставување на светлосна \nсигнализација на две раскрсници на булеварот „Октомвриска револуција„.

Семафори ќе светнат на две крстосници на „Октомвриска„

Семафори ќе се постават на крстосницата т.н.„Жмара„ и кај спортската сала. Проектот чини 4 милиони денари, сретства од буџетот на Општината, а работата ќе биде завршена за триесетина дена.

 Минатата година направивме проект за поставување на сообраќајна сигнализација за регулирање на сообраќајот на двете најкритични точки на булеварот. Со поставување на сигнализацијата прво ќе се регулира сообраќајот во тие делови на градот и ќе се успори движењето на автомобилите. Со проектот е предвидено раскрсниците да се прошират уште со по една лента и да се постават семафори,- изјави градоначалникот Зоран Дамјановски.   

Поставувањето на семафори на двете раскрсници уследило по барање на граѓаните кои сметале дека со тоа ќе се воведе поголем ред во сообраќајот и ќе се намали можноста за неприлагодената брзина на несовесните возачи, кои се причина за чести сообраќајните незгоди.

 Проектот  го изведува фирмата  Електософт, а утринава започнаа работите за проширување на коловозот на раскрсницата на „Октомвриска револуција„ и „Пионерска„.