Мени

Шест улици се без вода

29.08.2012 08:18 | KumanovoNews

 Пет улици во околните населби и една во центарот на градот се без вода.

Шест улици се без вода

Денеска без вода за пиење се граѓаните кои живеат на улиците “Ѓуро Ѓаковиќ“ во центарот на градот, “11 ноември“ во Бедиње, “318“ и “1“ во населба Ајдучка Чешма, “Ѓуро Пуцар Стари“ и “Ѓорче Петров“ во населба Перо Чичо. Вработените од ЈП“Водовод“ се излезени на споменатите локации за да ги санираат дефектите во водоводната мрежа. За неколку часа водоснабдувањето ќе се стабилизира.

Во останатите делови на градот нема посериозни прекини во снабдувањето со вода.