Сезонците имаат загарантирани 8080 денари месечно
Плата од 8080 денари месечно треба да добиваат сезонските работници во земјоделството, а во прехранбениот сектор платата не смее да биде пониска од 9100 денари. Ова е пропишано во колективните договори кои неодамна ги потпиша агро синдикатот.
Откако ова ќе излезе во Службен весник, почнува да важи и високи казни има за газдите ако не ја почитуваат минималната плата. За разлика од пред две години, сега луѓето кои работат во земјоделската дејност ќе имаат за 7% повисоки примања. На ниво на одредена стопанска гранка ова е договорено, а после ќе следи и колетивен договор на ниво на претпријатие. Поголеми права ќе издејствуваат работниците. Досега колективните договори се почитувале и треба да се почитуваат. Има одредни исклучоци, но по одредени прашања и ние реагираме - вели Миле Спасовски, претседател на Регионален синдикат Куманово.
Наскоро и синдикатот на индустријата, енергетиката и рударството, текстилците и чевларите треба да потпишат колективни договори. За вработените во текстилната и кожарската индустрија усогласувањето ќе оди постепено, и по две години за нив ќе важи минималната плата утврдена на државно ниво во висина од 8050 денари.