Мени

Системот капка по капка се користи минимално

26.05.2012 09:12 | KumanovoNews

 Во околината на Куманово мал број земјодлеци се одлучиле за системот капка по капка за наводнување бидејќи го сметаат за скапа инвестиција. За разлика од обичното поливање, наводнувањето со системот капка по капка има многу предности.

Системот капка по капка се користи минимално

Водата се користи рационално и е многу полесно. Работа има за 70 проценти помалку. Сепак земјоделците не се одлучуваат да набават капка по капка. Им се чини дека е скапо и неисплатливо. За 1000 квадрати површина, ако се купат црева кои чинат по 10 денари, ќе чини до 150 евра. Нормално дека ова бара оддржувањe - велат земјоделците.

Со системот капка по капка растението добива во одредени временски интервали вода колку што му е потребно, и не постои ризик растението да се уништи од премногу вода. Потрошувачката на ѓубриво се намалува бидејќи ѓубривото се користи рационално во ваков случај и растворено доаѓа до  растението.