Мени

Скаути четврти на државно првенство

30.10.2012 08:24 | KumanovoNews

 На државното првенство во Катлановска Брезица во Скопје, извидниците од извидничкиот одред “Скаут“ освоија четврто место.

Скаути четврти на државно првенство

Натпреварот се состоеше од 15 различни категории, при што имаше општи тестови, врзување на јазли, монтирање на шатори, семафор и слично. За претседателот Слаѓан Станковиќ, овој резултат е послаб за разлика од претходните години кога кумановскиот одред беше првак.

Да бидеме самокритични, овој резултат е слаб ако се земе во предвид дека со години бевме прваци. Тоа се должи на смената на генерации, недоволна сериозност, недоволна подготовка. Извидниците натпреварите ги сфаќаат како забава и дружење и тоа се одрази на крајниот исход - изјави Станковиќ.

Домаќин на првенството беше скопскиот одред “Јадран“. На натпреварот учествуваа девет одреди од Македонија.