Скопјанец ја оштетил млекарница „Олми“
Е.Т.(56) од Скопје, соработник на млекарница „Олми“ од 2009 до 2013 година ја оштетил компанијата за повеќе од 2,5 милиони денари.
Врз основа на склучен договор за деловна соработка во 2008 година, му биле доверени млечни прозиводи, млеко, инвентар и опрема за дистрибуција и тој производите не ги раздолжувал и прикажувал кусок во работењето. Пријавениот кај 14 правни лица дистрибуираната роба ја наплаќал во готово, а во „Олми“ за непокриениот долг изготвувал испратници со невистинита содржина прикажувајќи лажни факти дека наводно должат одредени суми пари. Подоцна испратниците му биле давани на пријавениот на рака со цел да ги достави до правните лица, меѓутоа истиот ги уништувал.
Против него се поднесени пријави засторени две кривични дела затајување и фалсификување или уништување деловни книги.