Скопските акцијаши се вклучија во проектот „Биди хуман и донирај“
Акцијаши од Скопје се вклучија во проектот „Биди хуман и донирај“, кој го организира здружението „Кумановски акцијаши“.
Скопските акцијаши беа во Куманово и во седиштето на кумановското здружение донесоа топла облека.
Во кратката посета членовите на двете здруженија разменија мислења и за понатамошните заеднички проекти и акции. Инаку хуманитарната акција и понатаму тече, хуманоста кај нашите сограѓани е на солидно ниво. Акцијата во ова прва фаза ќе трае до 29 февруари, термин по кој граѓаните и понатаму ќе можат да донираат, а самата дистрибуција на помошта ќе оди по зацртаниот план стриктно придржувајќи се кон целната група на оваа акција т.е. бездомници и социјално загрозени семејства кои имаат деца со посебни потреби - изјави Јусуф Љатифи, претседател на „Кумановски акцијаши“.
Сите хумани граѓани и понатаму можат да донираат и да бидат дел од акцијата.