Мени

Скршена вратата на детското одделение во библиотеката

22.06.2012 08:17 | KumanovoNews

 Непознати сторители ноќеска ја обиле вратата на детското одделение од библиотеката “Тане Георгиевски“ кое се наоѓа во просториите на Центарот за култура “Трајко Прокопиев“.

Скршена вратата на детското одделение во библиотеката

Не е предизвикана никаква материјална штета. Првично вработените кога забележале дека катанецот е скинат, а вратата отворена, помислиле дека е украден компјутер, но потоа виделе дека ништо не е одземено. Техничка роба меѓу која имало и батерија УБС била извадена од кутија, но не е однесена. Најверојатно провалувачите не ја знаеле вредноста на предметите.

Утринава увид на местото извршија екипи од СВР Куманово.