Мени

Следуваат семинари за повеќе земјоделски гранки

13.09.2012 12:06 | KumanovoNews

Во наредните три месеци ќе има семинари за градинарство, овоштарство и сточарство. Земјоделците преку здруженијата можат да се пријават за учество на семинар.

Следуваат семинари за повеќе земјоделски гранки

Првиот семинар ќе биде на 17 и 18 месецов. Вториот е на 4 и 5 октомври, а третиот е во ноември. Локацијата не се знае уште дали ќе бидат семинарите во Скопје, Куманово или Охрид. На секој семинар имаме право да испратиме по двајца луѓе. Ако се пријават повеќе ќе разговараме со цел вистинскиот земјоделец кој се интересира да има прилика да оди и да научи нешто ново - изјави Стојко Ивановски, секретар на Здружение на пензионери Куманово.

Ова е првпат кумановските земјоделци да се вклучат во семинар кој нуди поширок спектар на теми.