Мени

Слепите лица бараат ослободување од комуналии

19.08.2012 09:00 | KumanovoNews

 Од Сојузот на слепи лица Куманово велат дека на есен ќе побараат да бидат ослободени од плаќање на сметки за вода и улично осветлување. Планираат предлогот да го достават до Советот на Општина Куманово.

Слепите лица бараат ослободување од комуналии

Слепите луѓе засега уживаат мал број бенефиции како што се шест повратни бесплатни возења во текот на годината за нив и за нивниот придружник. Досега е издејствувано и бесплатно паркирање.

 За потребите на едно четиричлено семејство добро е да се дозволи да не плаќаат сметки за вода. Ова да не биде милостина, туку да се изедначат слепите луѓе со здравите луѓе. Не е исто сепак, бидејќи здрава жена кога мие садови ќе потроши помалку вода. Здрава жена ќе види дека на кошулата има само една дамка, а слепата жена таа кошула ќе ја пере бидејќи не гледа и непотребно ќе направи трошок. Исто и за електрична енергија. Слепиот човек не може да се грее на дрва, ако летне една искра, а тој не гледа може да предизвика пожар. Него му е неопходна енергија за загревање на домот. Овие луѓе кога ќе ги видат на улица со бел стап се чудат, и не им даваат предност во сообраќај. Ако ги сожалувате само ќе ги навредите - велат од Сојузот на слепи лица Куманово.

Со измените на Законот за сообраќај направени во март 2012, лицата со оштетен вид се ослободени од плаќање на патарина, а имаат и поволности за телефонски услуги.