Мени

Сликање за лична карта во две смени

29.08.2012 13:40 | KumanovoNews

  Околу 4 000 граѓани треба да ги заменат старите лични карти, а сликањето се врши секој ден до 21 часот.

Сликање за лична карта во две смени

 Термините за сликање на граѓаните за нови лични карти во кумановската полиција се закажуваат во две смени.  Околу 4 000 граѓани треба да ги заменат старите лични карти, а сликањето се врши секој ден до 21 часот.

Рокот за замена веќе е истечен, но службите ќе работат се додека граѓаните целосно не ги заменат старите документи. Тоа е обемна работа и не може за еден месец да се заврши. Ќе има сликање се додека има граѓани кои не добиле нови биометриски лични карти. Остануваат околу 4.000 лични карти да се заменат со нови. На барање на граѓаните одиме сликаме во домашни услови. Имаме една мобилна екипа и во просек еднаш неделно одиме на терен. Странката треба да приложи медицинска документација со која ќе докаже дека лицето не може да дојде на сликање, можеби е болен или неподвижен човек - рече Драган Ангеловиќ,раководител на оддел за управни работи во СВР Куманово.

Ангеловиќ вели дека дневно по 150 луѓе се сликаат за биометриски лични карти.