Мени

Словенечки пчелари во посета на “Киро Бурназ“ и Степанце

05.09.2014 10:29 | KumanovoNews

Членови на Клубот на пчелари - мајстори од  Словенија вчера беа во посета на средното земјоделско училиште “Киро Бурназ“ и пчеларско друштво “Пчела“.

Словенечки пчелари во посета на “Киро Бурназ“ и Степанце

Тие ги посетија училишниот пчеларник и приватниот пчеларник на Среќко Стошевски во село Степанце.

Целта на посетата беше да се запознаат со начинот и техниките на пчеларење во нашиот крај како и размена на искуствата. Оваа средба беше доста плодна и корисна за сите страни и се поставија темели за понатамошна соработка - вели Горан Митевски, професор во „Киро Бурназ“.

Попат словенечките пчелари ја посетија и црквата Св.Ѓорѓи во Старо Нагоричане.