Мени

Сметот ќе се спалува во акселератор?

18.10.2012 08:11 | KumanovoNews

По пат на јавно приватно партнерство општината планира проблемот со сметот да го реши со изградба на акселератор.

Сметот ќе се спалува во акселератор?

Пред една година Oпштина Куманово почна изработка на студија, по што во декември ќе има две јавни расправи и потоа ќе се премине на избор на концесионер за акселератор. Паралелно и депонијата Краста ќе биде санирана.

Завршувањето на постапката трае повеќе од пет - шест години. Тоа е вадење на сите дозволи, изработка на техничко - технолошка документација, и на крај завршно давање на дозвола за пуштање во работа, еко дозвола бидејќи тоа се објекти кои имаат еколошки стандарди и мора да бидат сите клаузули запазени. Се надевам дека во наредните четири години ќе изградиме економски високо исплатлив објект, бидејќи ќе имаме наш производ, електрична енергија и топла вода која ќе ја користат граѓаните, а инвестицијата е над 70 милиони евра - изјави градоначалникот Зоран Дамјановски.

Се разгледуваат повеќе локации каде би бил лоциран објектот и најверојатно ќе биде во селото Добрешане покрај пречистителната станица. Во Прага во центарот на градот имаат акселератор.

Градоначалникот Дамјановски вели дека Куманово има најсредена депонија во регионот, но жителите на блиските села Пчиња и Биљановце имаат поплаки. Се работи за поголеми села кои се на 2 км оддалеченост од депонијата, и каде населението произведува раноградинарски култури.

Депонијата е близу и кога ќе го запалат ѓубрето, чад и реа се шири, доаѓа тука и во село Пчиња.Не загадување, туку отров имаме тука затоа што сето производство ни оди за на пазар и кога ќе го однесеме полно е со прашина, чад,а и почвата многу се загадува - велат жителите на село Биљановце.

Проектот за современа регионална депонија е во почетна фаза, а процедурата ќе трае неколку години.