Мени

Снег отсече пет села

09.01.2012 17:09 | KumanovoNews

 Планинските села Арбанашко, Длабочица, Дејловце, Аљинце и Дренак, кои припаѓаат на Општината Старо Нагоричане веќе неколку дена се отсечени од светот.

Снег отсече пет села

Патните правци кои водат кон овие населни места се потрпани со снег, а на одредени делови има наноси кои достигнуваат и повеќе од еден метар.

Ние немаме капацитет сами да ги расчистиме патишата бидејќи сме мала општина, но пријавивме во Центарот за управување со кризи и сега очекуваме од таму да дејствуваат. Дел од местата викендот немаа струја, но сега се отстранети дефектите од ЕВН. Таму живее претежно старо население и сигурно им треба помош, а врските со нас и Куманово се прекинати- вели градоначалникот на Старо Нагоричане Миодраг Јовановиќ.

Другите патни правци во Куманово, Липково и Старо Нагоричене се проодни. Во Куманово речиси и нема снег.