Снегот им создаде главоболки на возачите
05.01.2010 11:52
| KumanovoNews
Снегот што утринава паѓаше создаде доста проблеми во сообраќајот. Влажните и лизгави коловози се причина за сообраќајните незгоди доколку не возачите не ја прилагодат брзината кон условите на патот.
Утринава на раскрсницата на улиците „11 Октомври“ и „Владимир Назор“ се судрија голф и фиат уно. Повредени нема и причинета е незначителна матерјална штета. На лице место излезе сообраќајната полиција, која истовремено и го регулираше сообраќајот додека траеше увидот.