Снежна мeќава во Куманово
08.03.2010 12:52
| KumanovoNews
Снегот што утринава почна да паѓа од пладне се интензивира.Вистинска снежна меќава го зафати градот и предизвика проблем на пешаците и возачите. Снежната покривка достигна 8 сантиметри и во март ги изненади граѓаните.
На градските сообраќајници нема поголеми во одвивање на сообраќајот. Екипите на фирмата „Билдинг“, излегле на терен и ги расчистуваат улиците. Според информациите од Секторот за урбанизам,досега се фрлени 40 тони сол. Се чистат и патиштата кон селата. Приоритет се наугорнините, раскрниците и мостовите каде што сообраќајот се одвива поотежнато.
Метеоролозите најавуваат влажна и снежна недела проследена со засилен ветер од источен правец. Студено и снежно време ќе биде и утре особено во претпладневните часови.