Мени

СНС ги повикува граѓаните на Зебрњак

27.10.2012 16:02 | KumanovoNews

Српската напредна странка, Обединетата српска заедница во Македонија и Здружението на Србите за единство во РМ, ги повикуваат своите членови и симпатизери масовно да присуствуваат на прославата на 100-годишнината од Кумановската битка.

СНС ги повикува граѓаните на Зебрњак

Утре во 11 часот на спомен костурницата Зебрњак достојно да ја одбележиме 100 годишнината од битката со која е прекинато петвековното владеење на Турците и започнува една поинаква историја на Балканот. Да го посетиме Зебрњак и да се поклониме на паднатите борци за слобода на Балканот- се вели во соопштението.

За сите заинтересирани граѓани обезбеден е превоз од Куманово и Старо Нагоричaне.