Мени

Со хепенинг одбележана Недела на детето

08.10.2014 14:20 | KumanovoNews

Хуманитарно здружение “Мајка“ денеска на Градскиот плоштад организираше хепенинг по повод  Недела на детето.

Со хепенинг одбележана Недела на детето

 Настанот има за цел да ја подигне свеста кај граѓаните и надлежните за почитување на детските права.

“Секое дете има право на живот, топол дом, на образование и се она што го имаат и другите граѓани. Се направи едно вовче кое тргна од пред Центарот за култура симболизирајќи еден воз на правата на детето. Дојдовме на плоштадот каде што во име на тимот на деца кои го работат овој проект ќе се обратат и ќе ги повикаат институциите повеќе да се грижат за првата на децата “ - изјави Лидија Илијевска, претседател на “Мајка“.

Идејата за овој проект потекна од младите.

„Сите заедно во детскиот интеркултурен камп во Струмица дадовме бура од идеи за овој проект. Дојдовме до заедничка идеја дека најдобро би било да собереме што повеќе деца бидејќи денес нема толку активности за младите деца“ - рече Дарко Петковски, ученик во Гимназија “Гоце Делчев“.

Денешната активност е дел од проектот “Промовирање на детски права и итеркултурна комуникација“ кој го реализираат и СПМД од Кавадарци, ЦЕД од Теарце, МЦГО од Скопје и Коалиција СЕГА од Прилеп со поддршка од Фондација за деца Песталоци од Троген, Швајцарија.