Мени

Со пари од рециклирана хартија ќе купат лцд проектор

09.06.2015 12:57 | KumanovoNews

Учениците од основното училиште “Кочо Рацин“ месец дена собираа стара хартија, која денеска ќе биде однесена на рециклирање, а со парите ќе купат лцд проектор за потребите на училиштето.

Со пари од рециклирана хартија ќе купат лцд проектор

Оваа акција е дел од проектот на Министерството за образование и наука, за интеграција на еколошката едукација на младите.

Се договоривме со учениците да донесуваат стара хартија, стари учебници, весници, тетратки, таков материјал кој потоа ќе биде соберен по паралелки и денеска е предвидено акцијата да заврши со тоа што ќе измериме по колку килограми е донесена хартија од секоја паралелка и ќе биде прогласен победник. Хартијата потоа ќе биде носена на откуп за рециклирање и планираме да собереме извесна сума на материјални средства кои потоа ќе бидат наменети за училиштето - вели Лидија Крстевска, наставник по биологија во „Кочо Рацин“.

Целта на проектот е да се подигне еколошката свест кај децата и од мали нозе да знаат како да ја чуваат природата.

Собиравме стари весници и тетратки и сега одговорните професорки ќе ги мерат хартиите и кое одделение има најмногу соберена хартија, тоа одделение ќе добие диплома – кажа Ива Ивановска, ученичка во „Кочо Рацин“.

Последните десет дена учениците интензивно собираа стара хартија.