Мени

Со шаховски турнир до поголема свест за заштита од кражби

02.10.2014 13:44 | KumanovoNews

На Градскиот плоштад денеска се одржа шаховски турнир под мотото “Повлечи потег, заштити го својот имот навреме“ во организација на отсек за превенција при СВР Куманово.

Со шаховски турнир до поголема свест за заштита од кражби

Претставници на месни заедници и граѓани играа шах, а целта е да се подигне свеста за заштита на имотот од кражби, за што полицијата имаше неколку месеци кампања и го едуцираше населението.

“Изготвени се со совети за тоа како да се заштитиме од кражби, а тоа е несоодветно чување на вредни предмети, оставање на вредни предмети на видно место, незаклучени прозорци, врати, балконски тераси или пак објавување на фејсбук или другите социјални мрежи податоци дека семејството е отсутно од дома. Тоа е примамливо за пријателите кои всушност им се непријатели. Гледаме дека има интерес и овие работи ќе продолжат“ - вели Виолета Богдановска од отсек за превенција во СВР Куманово.

Богдановска вели дека треба да се зголеми совесноста и граѓаните да пријавуваат доколку видат нешто сомнително и се сомневаат дека се работи за кражба.

Во иднина се планира овој турнир да биде традиционален. Шахистите ги посети и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.