Мени

Со стерилизација ќе се намалат кучињата скитници

21.03.2012 15:11 | KumanovoNews

 Претставници од Здружението за заштита на животни „Анима Мунди„, денеска во Куманово ја промовираа програмата „Залови, стелизирај, вакцинирај и врати„, наменета за решавање на проблемот со прекумерната бројност на бездомни кучиња.

Со стерилизација ќе се намалат кучињата скитници

Програмата содржи неколку сегменти кои треба да се преземат, а тоа е пред се здравствена заштита, стерилизација на кучињата и регулирање на популацијата. Со оваа програма за неколку години бројот на бездомните животни значителнмо ќе се намали. Тука се  обрнува внимание и на едукацијата и на односот на општините кон граѓаните и здруженијата. Програмата е сеопфатна и ги опфаќа сите сегменти од локалната и извршната власт, и дава резултати. Ваква програма, делумно се применува во Скопје - вели Столе Велковски, Здружение за заштита на животните „Анима Мунди„.

Според ова здружение, нема прецизен податок колку кучиња скитница има во државата, но во просек на 1000 луѓе доаѓа по едно незгрижено куче. Во Куманово таа бројка е околу 1000 кучиња.

Обуката во Куманово е прва од серијата што ќе се одржат во повеќе градови, а овозможени се преку грант од програмата CIVICA mobilitas, имплементирана од Центарот за институционален развој CIRА, финансиски поддржана од Швајцарската агенција за развој и соработка SDC.

Учесниците добија примерок од публикацијата на проектот „Нацрт-стратегија за долготрајно регулирање на популацијата бездомни кучиња“ – сестран документ кој ја разгледува оваа проблематика и нуди препораки, оперативни механизми и решенија - прв ваков документ продуциран во Македонија.