Мени

Со задоцнување почна сеидбата

09.11.2012 09:54 | KumanovoNews

 Земјоделците почнаа со сеење на  житарици, откако заврна долго очекуваниот дожд.

Со задоцнување почна сеидбата

За разлика од претходните години, кога жито се сееше околу 15 октомври, поради сушата годинава рокот е пролонгиран.

- Земјоделците треба да го искористат периодот да ги завршат своите обврски, да изораат и да фрлат ѓубриво. Ѓубривото треба да се растури и да се заора за да хранливите материи останат во почвата која има доволно влага. Им препорачувам на земјоделците да направат хемиска анализа и да видат кои елементи фалат во почвата или да практикуваат плодоред, со тоа што различни култури ќе сејат или садат секоја година - рече Живка Наумова, раководител на Регионален центар на Агенцијата за поттикување на развој на земјоделството.

Во околината најмногу се сее јачмен и пченица. Оние кои имаат поголеми површини со пченица, родот го продаваат, а јачменот се користи за прехранување на стоката.