Собири за поддршка на бранителите во Кратово и Крива Паланка
На плоштадите во Кратово и Крива Паланка вечерва во 19 часот, граѓаните ќе се соберат за да им оддадат почит на загинатите бранители во акцијата во Куманово.
Собири ќе има во 23 града во Македонија, и истите се организираат преку групата на фејсбук „Поддршка за македонските безбедносни сили“.
Собирите ќе бидат мирни, мирољубиви, така што од сега посочуваме дека нема да биде потребно дополнително ангажирање на полицијата и никако намерата не е нејзино дефокусирање, туку напротив наша благодарност за нивното несебично залагање - стои во соопштението на фејсбук.
Граѓаните со овој гест сакаат да им се заблагодарат на бранителите за патриотизмот и затоа што го дадоа животот во одбрана на земјата. Кумановци веќе им оддадоа почит на жртвите со палење на свеќи на Градскиот плоштад викендов, а беше отворена и книга на жалост.